Десет најдобри држави во САД за младите да најдат работа

- Advertisement -

За неодамнешните дипломци изборот на место за почеток на кариерата после факултет може да има големо влијание на нивниот живот. А според еден извештај, Масачусетс е најдобрата држава во светот која на младите им нуди изобилство работни места, пристапен живот и забавни содржини.

Државата Нова Англија е на прво место по својата комбинација на силниот раст на пазарот на труд, пристапноста, безбедноста и слободното време, покажа најновиот извештај на компанијата Scholaroo, базиран на податоци од Министерството за труд на САД, Бироата за попис на населението и други.

- Advertisement -

Извештајот ги зема предвид различните фактори за кариерата и финансиите како пто се: држави со висока стапка на вработеност, просечните приходи на домаќинствата и приоритетите во животот кои се движат од пристапот до квалитетна здравствена заштита, како и бројните ресторани, барови, мусеи и кина.

Ова се топ 10 најдобри држави во кои младите може да најдат работат, да живеат по пристапни цени и да се забавуваат:

- Advertisement -

1.Масачусетс
2.Роуд Ајленд
3.Њу Хемпшир
4,Мериленд
5.Конектикат
6.Вермонт
7.Вашингтон
8.Минесота
9.Њу Џерси
10.Орегон.

Анализата на Scholaroo, исто така, ги рангира државите според поткатегории во поглед на работните места, финансиите и аспектите од животниот стил. На пример, државата со најголем број почетни работни места е Северна Дакота, а државата со најголем број ресторани и барови е Хаваи.

- Advertisement -

На дното на листата како најлоши држави за младите професионалци се Западна Вирџинија, Мисисипи, Алабама, Луизијана и Оклахома.

(Bizlife)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -