Долгоочекуваниот примерок на НАСА од површината на астероидот Бену е симнат на Земјата

- Advertisement -

Вселенската капсула на НАСА која носи примерок од карпест материјал земен пред три години од површината на астероидот Бену, успешно слета на Земјата откако беше спуштена со падобран од сондата OSIRIS-REx на вселенската агенција.

Во директен пренос на американската вселенска агенција, капсулата, која, според проценката на НАСА, треба да носи околу 250 грама материјал собран на Бену, се гледа како се спушта со помош на падобран во американската сојузна држава Јута. Веднаш по слетувањето, примерокот беше пренесен во лабораториите на НАСА во Тексас за тестирање.

- Advertisement -

Со помош на 60 различни научни пристапи, тим од околу 200 експерти се надеваат дека ќе можат да ги анализираат камењата и прашината од астероидот во обид да откријат индиции за тоа како настанал животот на Земјата. Научниците на НАСА долго го чекаа враќањето на OSIRIS-REx (акроним за Origins, Spectral Interpretation, Resource Identification, Security-Regolith Explorer).

Беше лансиран од вселенското пристаниште на НАСА Кејп Канаверал во Флорида во септември 2016 година и пристигна во Бену околу две години подоцна. Откако го исфрли примерокот, сондата веднаш го продолжи своето патување кон друг астероид наречен Апофис, кој орбитира блиску до Земјата.

- Advertisement -

Мисијата OSIRIS-REx, заеднички проект на НАСА и Универзитетот во Аризона, го донесе третиот примерок на астероид на Земјата, најголемиот досега, по две слични јапонски мисии во последните 13 години. Астероидот Бену е откриен во 1999 година и поминува релативно блиску до Земјата на секои шест години.

Дијаметарот на Бену е 500 метри и потекнува од раниот период на Сончевиот систем, така што би можел да им даде на научниците вредни информации за потеклото и развојот на карпестите планети како Земјата, а може дури и да содржи органски молекули неопходни за потеклото на животот. „Буквално ги разгледуваме геолошките материјали кои се формирале пред да постои Земјата“, рече минатиот месец Данте Лаурета, главен научник на мисијата на Универзитетот во Аризона.

- Advertisement -

Извор – Zimo.hr

Фото – Скреншот од НАСА

Сподели!
- Advertisement -