LG го најави својот прв преносен компјутер на преклоп LG Gram Fold со ОЛЕД екран, покрај кој ќе оди и бесплатно пенкало stylus и глушец. Слично како ASUS Zenbook 17 Fold и Lenovo ThinkPad X1 Fold, LG Gram Fold е уред со флексибилен екран осетлив на допир, кој може да се користи како масивен таблет или компјутер кога е целосно отворен.
Лаптопот има ОЛЕД екран од 17 инчи со QXGA+ (2560 x 1920 пиксели) резолуција кога се користи само како екран, а може да се поврзе и со посебн Bluetooth тастатура ако сакате да го користите како персонален компјутер. Исто така, лаптопот поддржува stylus пенкала, така што може да се однесува како традиционален таблет а проекти од уметноста, архитектурата и дизајнот.
Кога ќе се преклопи, горниот дел станува екран од 12 инчи, додека долниот може да се претвори во тастатура. Од LG велат дека го тестирале моделот и потврдиле дека може да издржи 30.000 преклопувања без оштетување на екранот.
LG Gram Fold графика и 512 GB (M.2 NVMe) SSD простор за складирање, Pivot Stereo звучници (1,5 W x 3) и батерија од 72 Wh, додека од приклучоци има USB 4.0 Gen 3×2 Type C (x1, USB PD & Thunderbolt 4) и USB 3.2 Gen 2×1 Type C (x1, USB PD), а работи на Windows 11.
LG Gram Fold треба да биде пуштен во продажба во октомври, а моментално е достапен само во Кореја. Цената му е 4,99 милиони вони или околу 3.700 долари.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)