Роверот Perseverance на НАСА е опремен со напреден компјутерски пилот познат како AutoNav и оствари големи успеси на површината на Марс, поставувајќи нови рекорди во февруари 2021 година.
На патот од 26 јуни до 31 јули годинава Perseverance поминал растојание од 759 метри низ подачјето познато како Snowdrift Peak. Овој потфат беше направен за отприлика 1/3 од времето кое би било потребно за другите ровери на НАСА.
Роверот, исто така , морал да застане двапати поради работа за мисијата, а оддалеченоста од 759 метри кое го поминал Perseverance со помош на автопилотот AutoNav е нов рекорд за најдолго возење на Марс на автопилот. Можностите на AutoNav, кој на роверот му помага во кратењето на времето на возење помеѓу две подрачја од научен интерес. Студијата детално е опишана во списанието Science Robotics. Патувањето на роверот низ Snowdrift Peak било отприлика 12 соли или марсовски денови, што е побрзо отколку роверот Curiosity.
Како што велат од НАСА, софтверот е совршен пример за тоа дека две глави мислат подобро од една. Имено, роверот е првиот кој има два компјутерски мозоци кои работат заедно и му овозможуват да носи одлуки во од.
Оваа способност на двата мозоци му овозможила на роверот да постави и други рекорди, вклучувајќи го дневното ратојание од 347,7 метри.
Додека Perseverance продолжува да истражува, на 7 септември годинава ја почна својата четврта кампања и оди за гребенот Mandu Wall, гребен богат со карбонати, кои можат да дадат увид во историјата на околината на Црвената планета и потенцијалните знаци за древен микробен живот.
(Vidi.hr)
(фото: NASA)