Македонскиот јазик како инспирација за современото создавање и живеење

- Advertisement -

Изложбата на визуелен приказ на македонски зборови „Јазична меморија“ на уметницата Сташа Божиновска беше отворена во КЦ Магаза во Битола.

Македонскиот јазик и писмо се инспирација за уметницата која размислува и делува во насока на создавање на меморија на истите преку дизајнирање на модни додатоци. Овој концепт започнува со дизајни инспирирани од зборовите ЗАЛЕЗ, БАКНЕЖ, ВЕДА, ЏАГОР, АБЕР, ПРЕОБРАЗБА и Ѕуница

- Advertisement -

„Јазична меморија е споменар исполнет со македонски зборови кои ги користат нашите баби и дедовци, додека, ние, младите покажуваме колку сме „интересни и модерни“ со користењето на сленгови и странцизми. Време е да започнеме редовно да се потсетуваме на убавината на нашиот јазик и нека тоа време започне токму со Јазична меморија, споменарот кој ќе биде мост на кој ќе се пренеси богатството на нашиот јазик од нашите предци, до нас и идните генерации.

Јас сум дизајнер и создавам модни додатоци инспирирани од македонски зборови. Мојата цел е да ве инспирирам и Вас да ја разбудите вашата креативност и гордо да го користите нашиот јазик. – изјава од уметницата.

- Advertisement -

Концептот „Јазична меморија“ е прв чекор до реализирањето на посакуваната цел на уметницата, која освен вклучување на други зборови, подразбира и оживување на визуелните 3Д модели кои понатаму ќе бидат изработени во вистински накит.

Проектот Јзична меморија се реализира во рамките на манифестацијата Цртај на македонски јазик 2023, поддржана од Министерство за култура на РСМ.

Сподели!
- Advertisement -