Денга треската оваа деценија ќе стане голема закана во јужна Европа, југот на САД и во делови од Африка затоа што повисоките температури создаваат поволни услови за комарците кои ја пшренесуваат заразата, предупредува Светската здравствена организација.
Болеста долго време постоеше само во голем дел од Азија и Латинска Америка и беше вновна за околу 20.000 смртни случаи годишно. Од 2000 година досега стапката на болеста е зголемен за осум пати на глобално ниво, главно проади климатските промени, како и поради поголемото движење на луѓето и урбанизацијата, пренесува Reuters.
Многу случаи на оваа треска остануваат незабележани, но во 2022 година во светот биле пријавени 4,2 милиони случаи, а одговорните за јавното здравје предупредија дека за годинава се очекуваат рекордни бројки. Бангладеш моментално се соочува со најголемата епидемија на денга треска досега, со над 1.000 смртни случаи.
Од СЗО велат дека мора проактивно да се разговара за денга треската и навистина да се подготват земјите за дополнителниот притисок со кој ќе се соочат допрва.
Како што прогнозираат, заразата веројатно ќе стане ендемична во делови од САД, ЕВропа и Африка, региони во кои веќе имало ограничен локален пренос, бидејќи глобалното затоплување на новите подрачја ги прави гостољубиви за комарци кои ја шират треската. Тоа ќе создаде голем притисок врз болниците во многу земји, предупредуваат.
Најголем дел од луѓето кои ќе се заразат со денга немаат симптоми, што знали дека се смета дека стапката на заразени случаи е многу поголема од пријавените бројки. Мешу симптомите се треска, грчеви на мускулите и болки во зглобовите, а кај помалку од 1% болеста резултира со смрт. Не постои специфичен лек за болеста, иако постои вакцина. Пред неколку дена СЗО ја препорача вакцината Qdenga на компанијата Takeda Pharmaceuticals за деца од 6 до 16 години во подрачка каде што инфекцијата е значаен проблем за јавното здравство.
Qdenga ја одобрја и ЕУ регулаторите, но Takeda ја повлече својата пријава во САД.
(Al Jazeera Balkans)
(фото: Flickr)