Индија ќе гради вселенска станица и ќе испрати астронаути на Месечината до 2040 година

- Advertisement -

Индија ги претстави своите планови за изградба на сопствена вселебнска станица до 2035 година, како и испраќање на астронаути на површината на Месечината до 2040 година. Индиската вселенска програма напредуваше изминатите години, па Индија стана првата земја во светот која успешно приземји вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината во август годинава.

Потоа во септември лансираше сонда за проучување на Сонцето, но летовите со луѓе во вселената се непшто сосема друго. Нивната новамисија наречена Gaganyaan ќе биде првата во рамките на која Индија ќе испрати астронаути во вселената користејќи ги своите способности, а сега се подготвува да почне со тестирање на леталото кое ќе го носи човечкиот екипаж.

- Advertisement -

Индиската вселенска агенција ISRO го претстави планот на премиерот Нарендра Моди и наведе дека првото патување со екипаж во вселената се очекува во 2025 година, во пресрет на евентуална мисија на Месечината. Демонстративниот тест за леталото Crew Escape System Test Vehicle е закажан за 21 октомври, а потоа ќе следуваат три тест летала без луѓе. Индија планира да направи вкупно 20 тестови пред да ги испрати своите астронаути во вселената.

Исто така, Индија гради нова лансирна рампа и развива ракети од идни генерации за да овозможи остварување на други амбициозни цели. Покрај изградбата на вселенската станица Bharatiya Antariksha Station, односно индиската вселенска станица до 2040 година, Индија планира и меѓупланетарни мисии за истражување на Венера и Марс.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -