Интел е во напредни преговори за преземање на стартапот за вештачка интелигенција SambaNova Systems Inc. за околу 1,6 милијарди долари, вклучувајќи го и долгот, според луѓе запознаени со ситуацијата.
Договорот за SambaNova (SANS.PVT) со седиште во Пало Алто, Калифорнија, би можел да се затвори уште следниот месец, велат изворите, зборувајќи под услов на анонимност бидејќи информациите се доверливи, објавува SEEbiz.
Иако разговорите се во напредна фаза, условите и временската рамка би можеле да се променат, велат изворите. Исто така е можно SambaNova, која потпишала услови со други потенцијални финансиски инвеститори, да одлучи да оди на друг начин, додадоа тие.
Претставниците на Интел и SambaNova одбија да коментираат за оваа вест.
Основана во 2017 година од професори на Универзитетот Стенфорд, од кои еден ја освои наградата MacArthur Genius, SambaNova дизајнира чипови за вештачка интелигенција по нарачка, со цел да се натпреварува со оние што ги нуди Nvidia Corp.
Извршниот директор на Интел, Лип-Бу Тан, е претседател на SambaNova. Неговата фирма за ризичен капитал, „Волден Интернешнл“, беше еден од основачите на компанијата, водејќи рунда од Серија А од 56 милиони долари во 2018 година.
Фото – Freepik































