Дроновите за достава на Amazon стигнуваат во Европа

- Advertisement -

Поминаа десетина години откако Amazon ја најави новата услуга, која требаше да го револуционизира пазарт за достава. Според тогашните планови, Prime Air, услугата за достава со дронови, веќе требаше да биде достапна на бројни пазари, а беспилотните летала требаше да станат вообичаен начин на достава на помнали растојанија. Сепак, јасно е дека уште не сме блиску до тоа, што не значи дека на некои подрачја не е достапна доставата со дронови.

Amazon во две американски сојузни држави (Калифорнија и Тексас) на одредени подрачја веќе нуди достава на продукти со тежина до 2,2 кг, а и други компании како Google Wing, нудат таква достава на одредени подрачја во САД и во Австралија.

- Advertisement -

Amazon сега најави дека таа услуга ќе биде достапна на европскиот пазар. За почеток Prime Air ќе биде достапна во Велика Британија и во Италија. Услугата, исто така, ќе биде достапна на ограничена површина, а доставата на првите пакети може да се очекува на крајот на идната година.

За почеток, Prime Air во Велика Британија ќе доставува пакети на една локација, а од Amazon велат дека соработуваат со управата за цивилно воздухопловство во земјата за да најдат најдобри начини за безбедна употреба на новата технологија.

- Advertisement -

Во Amazon се уверени дека таквиот начин на достава е стотина пати побезбеден од доставата по патишта. Од компанијата уште не откриваат на кое подрачје во Велика Британија ќе биде достапна доставата со дронови и таа информација треба да ја откријат во текот на наредните неколку месеци.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -