Создадена нова технологија за побезбедни батерии за електрични автомобили

- Advertisement -

Бидејќи литиум-јонските батерии имаат голема густина на енергија и долг животен век, се користат во многу електронски гаџети, вклучувајќи ги и електричните автомобили. Сепак, како и секоја технологија, и тие имаат недостатоци.

Прегревањето е еден од најчестите проблеми кај овие батерии и може да доведе до експлозија. Тоа може да биде резултат на преполнување, на преголемо празнење, на дефекти при производството или на физичко оштетување на батеријата.

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Мериленд, кои ги истражуваат механизмите за дефекти на литиумските батерии, сега создадоа нова техника за развој на литиум-јонски батерии која ќе овозможи батериите за идните електрични возила и другите гаџети да складираат повеќе енергија и да не се прегреваат.

Новата техника го псречува формирањето на литиумски дендрити. Овие мали структури во форма на игли може да се појават во батериите под одредени околности, особено кога батериите се полнат. Затоа што претставуваат безбедносен ризик и може да ги намалат перформансите на батериите, тие се честа причина за грижа при дизајнирањето литиум-јонски батерии.

- Advertisement -

Новата иновација се состои од нов концепт за внатрешен слој, кој ќе го отвори патото до производство на функционални цврсти батерии во кои нема да се создаваат дендрити.

Професорот Чуншенг Ванг од Катедрата за хемиски и биомолекуларен инженеринг објасни дека иако развивањето план за надминување на недостатоците на сите цврсти батерии им одзело доста време, тој бил посветен на развојот на новите батерии и верувадека ќе придонесат за развој на електрични автомобили кои се побезбедни од сегашните, па дури побезбедни и од возилата со внатрешно согорување.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -