Велика Британија објави дека ќе ги зголеми инвестициите во два суперкомпјутери, што ќе придонесе за квалитетот на истражувањата со цел развој на побезбедни напредни модели на вештачка интелигенција.
Финансирањето со ресурси за истражување на вештачка интелигенција ќе се зголеми на 300 милиони фунти од претходно најавените 100 милиони, изјави британската влада на сами за безбедноста на вештачката интелигенција.
Frontier AI моделите стануваат експоненцјално помоќни, изјави британскиот премиер Риши Сунак. Оваа инвестиција ќе гарантира дека пританските научни таленти поседуваат алатки кои им се многу потребни за да ги создадат најнапредните модели на вештачка интелигенција во светот, додаде тој.
Од британската влада велат дека двата нови суперкомпјутери – еден во Кембриџ, друг во Бристол – на истражувачите ќе им овозможат пристап до ресурси чиј капацитет е 30 пати поголем во однос на капацитетот на сегашните најголеми јавни компјутерски алатки за вештачка интелигенција.
Уредите, кои ќе бидат пуштени во погон од иднотот лето, ќе се користат за да се анализираат напредни AI модели и да се тестираат нивните безбедносни елементи, како и за постигнување напредок во истражувањето на нови лекови и чиста енергија, се вели во соопштението на владата.
Моделот во Бристол ќе биде Isambard-AI и ќе има 5000 напредни AI чипови на американската мултинационална технолошка компанија Nvidia Corporation, а моделот Dawn ќе биде испорачан во Кембриџ преку партнерство со компанијата Dell и малите и средни претприемачи StackHPC, а ќе има над 1000 чипови на Intel.
(Index.hr)
(фото: Wikimedia)