Истражувачи го основаа првиот светски репозиториум на живи примероци од метастази во мозокот. На живите примероци може да го проучуваат начинот на кој клетките на ракот реагираат на лековите. Тоа го отвора патот за создавање индивидуални аватари за секој пациент, на кои може да се тестираат можни терапии пред да бидат применети на пациентот.
Оваа прва светска банка за живи примероци од метастази ја покрена шпанскиот Истражувачки институт CNIO во Мадрид, а се вика RENACER. RENACER се состои од дваесетина болници, чии претставници присуствувале на првиот состанок во Fundación Ramón Areces, институцијата која исто така го финансира проектот.
Во 18 шпански болници кога пациент со метастази на мозокот ќе прифати операција, може да донира дел од својот мозок во првата банка на живи примероци на мозок во светот, со седиште во Шпанскиот национален центар за истражувањена ракот.
Тоа е пионерска колекција во светот, создадена да ја забрза потрагата по терапии против метастази во мозокот. Оваа болест зафаќа до 30% од пациентите со системски канцер.
Творците на овој репозитуриум се двајца истражувачи од CNIO, Мануел Валиенте и Ева Ортега-Паино, кои во списанието „Trends in Cancer“ ги претставуваат предностите на банката RENACER, која за само три години има собрано примероци од над 150 пациенти.
(Vidi.hr)
(фото: Raw Pixel)