Со почетокот на Зимските олимписки и параолимписки игри Милано Кортина 2026, компанијата Самсунг (Samsung) ја претставува новата глобална кампања „Победата е тимски спорт“ (Victory is a team sport). Кампањата одново го дефинира поимот на победата, во центар ставајќи го заедничко, човечко искуство.
Кампањата се надоврзува на концептот „Победничка Селфи-фотографија“, односно „Victory Selfie“, кој за прв пат беше претставен на Олимписките Игри во Париз 2024, и која за прв пат го носи овој концепт на Зимските игри. Истовремено, „Victory Selfie“ за прв пат во историјата ги опфаќа и тимските спортови и спортовите во двојки, овозможувајќи им на спортистите самите да ги овековечат моментите на триумф на победничкиот подиум, од сопствена перспектива.
Во фокусот е ставена функцијата “Galaxy Dual Recording“, која овозможува истовремено снимање од два агли. На овој начин, во истиот кадар се опфатени спортистите и луѓето кои стојат зад нивниот успех – родителите, тренерите, семејството и целата поддршка од околината.
Централното видео на кампањата е именувано „Победата е тимски спорт“ (орг. „Victory Is a Team Sport“). Преку испреплетување на погледот на спортистот и емотивната перспектива на родителот, со помош на функцијата “Dual Recording“, видеото го открива целиот пат до победата, од падовите до врвот на победничкиот подиум, како една заедничка приказна.
ВИДЕО: https://www.youtube.com/watch?v=_6RMxpbRV3E
Кампањата е дел од светската платформа „Отвореноста секогаш победува“ (орг. „Open Always Wins“), со која “Samsung“ нагласува дека отвореноста кон различните перспективи создава нови начини на доживување на олимписките и параолимписките моменти.
###
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
“Samsung” е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на “Samsung” за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на “Samsung” во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.
За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
“Samsung” е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на “Samsung”. Посветеноста на “Samsung” кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.




























