YouTube објави дека почнува да прави два експерименти кои интегрираат генеративна вештачка интелигенција во искуството на гледање на YouTube. Избрани членови на Premium сервисот YouTube при отворањето на делот за коментари на мобилен телефон ќе видат нова опција за сортирање според темите на некои видеа.
Креаторите можат да ги користат тие коментари за брзо да влезат во дискусии за коментари на своите видеа или за да црпат инспирација за нови содржини врз база на она за што дискутира нивната публика.
Ако креаторите сакаат да отстранат која било тема на коментари, можат да избришат поединечни коментари кои се појавуваат под одредена тема. Исто така, вештачката интелигенција ги извлекува тие информации само од објавените коментари и не можат да се креираат од коментарите кои се задржани на прегледување, кои содржат блокирани зборови или се од блокирани корисници.
Покрај тоа, YouTube експериментира со AI алатки, односно четбот за разговори. Оваа алатка овозможува да добиете одговор на прашања за видеата кои ги гледате, препораки за поврзани содржини и уште многу други работи, а сетоа тоа без прекинување на репродукцијата.
За одредени академски видеа алатката може да помогне во учењето дака што ќе дава квизови и одговори кои поттикнуваат на подлабоко размислување. Ако сте дел од експериментот, до алатката можете да пристапите така што ќе го изберете копчето „Прашај“ под избраните видеа и да почнете со поставување прашања за видеата или со избор од предложени прашања.
Членовите на YouTube Premium почнувајќи од денес можат да се пријават за тестирање на www.youtube.com/new.
(Vidi.hr)
(фото: Arta Pixel)