Венеција догодина ќе го тестира данокот за туристи

- Advertisement -

Градските власти на Венеција соопштија дека 29 дена во текот на 2024 година поради масовниот туризам ќе примени целосно нова такса од 5 евра за сите туристи кои ќе дојдат да го посетат градот само во текот на еден ден.

Таксата ќе биде применета во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај а потоа во текот на викендите во мај (11. и 12., 18. и 19. и 25. и 26.), викендите во јуни (8. и 9, 15. и 16, 22. и 23. и 29. и 30.), како и во текот на два викенди во јули (6. и 7 и 13. и 14.).

- Advertisement -

Таксата, која неколкупати беше одложувана, е наменета само за туристи кои влегуваат во стариот град од 8:30 до 16:00 часот по локално време, велат градските власти.

„Тоа е експеримент чија цел е подобрување на квалитетот на живот во градот за оние кои живеат и работат таму“ велат властите.

- Advertisement -

Тој проект, најавен во септември, има за главна цел да ги одврати дневните посетители кои придонесуваат за загадување на градот кој е познат ширум светот по своите уметнички дела, мостови и канали.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -