Австриски експерти направија биоразградлив чип од печурки

- Advertisement -

Експерти од Универзитетот Јоханес Кеплер во Австрија открија дека печурките може да станат биоразградлива алтернатива за пластиката која се користи во батериите и компјутерските чипови, што би го олеснилот рециклирањето.

До ова откритие дошле во текот на истражување на флексибилна електроника, со фокус на одржливите материјали кои би ги замениле неразградливите. Научниот тим размислувал да користи материјали добиени од печурки за употреба во други подрачја. Притоа, установиле дека кожата на печурките ганодерма луцидум може да се користи како замена за базата која се користи во струјни кола, а која изолира и ги лади проводниците.Оваа база обично се прави од неразградлива пластика, која се фрла после употребата.

- Advertisement -

Но, научниците забележале овие печурки, кои обично растат на гнили дрвја во Европа и во источна Азија, имаат компактна заштитна кожа составена од мицелиум, мрежа слична на корен, со која го штитат тлото на кое се наоѓаат, односно дрвото. Така печурките го спречуваат продорот на други габи и бактерии.

Експертите потоа ја извадиле таа кожа од печурките и ја исушиле. После сушењето била нешто послаб изолатор од пластиката, но сепак ја вршела својата функција во струјните кола и можела да поднесе температура од 200 степени Целзиусови.

- Advertisement -

„Оваа кожа има многу својства по кои се разликува од другите биоразградливи материјали, но најбитно е дена едноставно се одгледува од отпадно дрво и не бара интензивна и скапа обработка. Нашиот мицелиум може да трае долго време ако се држи на суво место, но во стандардниот компост целосно би се разградил за две недели или порано“ велат австриските експерти.

Иако нивната работа уште е во експериментална фаза и далеку од масовно производство, тие веруваат дека биоразградливата кожа може да биде одржлив алтернативен материјал за употреба во електроника каде што не се потребни долготрајни струјни кола.

- Advertisement -

Ова истражување „MycelioTronics: Fungal mycelium skin for sustainable electronics“ е објавено во списанието Advanced Science.

(N1)

(фото: Negative Space)

Сподели!
- Advertisement -