A1 Македонија со новогодишна промоција и подароци за сите корисници на Мојот А1

- Advertisement -

А1 Македонија започнува Новогодишна промоција со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат новата година со неограничена комуникација, уште повеќе содржини, многу ТВ уреди и мобилни уреди по најповолни цени. Дополнително, во духот на новогодишното дарување, за сите корисници на апликацијата Мојот А1, компанијата доделува подароци од широкото портфолио продукти вклучувајќи го и најновиот iPhone 15.

“Годината ја завршуваме со една од најатрактивните празнични промоции досега, со која корисниците на услугите добиваат уште повеќе бенефиции за неограничена комуникција. Нашата намера е да ги разубавиме празниците за нашите корисници и  да ја дочекаат новата година непречено споделувајќи ги убавите мигови со своите најблиски. Новогодишната A1 Combo е богата со атрактивни смартфони што корисниците можат да ги добијат понајповолни услови. Празниците се за дарување и затоа ние во А1 даруваме на сите корисници на Мојот А1”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор во А1 Македонија.

- Advertisement -

Како компанија насочена кон комуникациските потреби, овие празници, со A1 Combo корисниците ќе добијат супериорен оптички интернет, како и пристап до најдобрата телевизија на нашиот пазар, А1 Xplore TV, која нуди опција за избор на канали, многубројни функционалности за корисникот како што е телевизија на сите уреди каде и да сте, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со најдобриот квалитет на слика.

Новогодишното изненадување преку Мојот А1 важи за сите мобилни при-пејд и пост-пејд корисници кои ја имаат последната верзија на апликацијата и ги имаат платено сите достасани сметки од А1. Секој корисник добива подарок, а истиот може да биде А1 Xplore TV GO, национални GB, роаминг GB, HBO, Gley, Boksy, A1 Net Protect како и таблет, слушалки, смарт часовник и iPhone 15.

Сподели!
- Advertisement -