Откриена црна дупка во центарот на нашата галаксија која го искривува просторот и времето

- Advertisement -

Супер масивната црна дупка во центарот на нашата галаксија, Sagittarius A*, се врти брзо и го менува просторот и времето околу себе, покажа едно ново истражување. Простор-време е четиридимензионален континуум кој опишува како го гледаме просторот, спојувајќи го еднодимензионалното време и тридимензионалниот простор заедно за да го претставиме вселенското ткиво, кое се закривува како одговор на масивните небесни тела.

Тим од физичари ја наљудувал црната дупка, која се наоѓа на 26.000 светлосни години од Земјата од рендгенската опсерваторија Chandra на НАСа, со телескопи дизајнирани за откривање на емисија на рендгенски зраци од топлите предели на вселената.

- Advertisement -

Тие ја пресметале брзината на ротација на Sagittarius A* користејќи го она што се нарекува метода на одливање, односно радибранови и емисија на X-зраци кои може да се најдат во материите и гасовите кои ги опкружуваат црните дупки, инаку познати како акрециски диск. Студијата за ова беше објавена во октомври во научното списание Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Истражувачите потврдиле дека црната дупка се врти, што предизвикува нешто познато како Ленс-Тиринг ефект, односно повлекување на рамката. Тоа се случува кога црната дупка го повлекува континуумот простор-време со себе кога се врти, вели главната авторка на студијата, Рут Дали, професорка по физика на Државниот универзитет Пенсилванија, која ја осмислила методата на одлевање пред повеќе од десет години.

- Advertisement -

Со своето вртење Sagittarius A* драстично ќе го смени обликот на континуумот простор-време во својата близина.

„Навиканти сме да живееме во свет во кој сите просторни димензии се еднакви – оддалеченоста до ѕидот, до таванот, до подот се на некој начин линеарни, не е како една од нив да е целосно згмечена од другите. Но, ако имате црна дупка која брзо ротира, континуумот простор-време околу неа не е симетричен, односно црната дупка која се врти го повлекува простор-време со себе. Го гмечи простор-време континуумот и некако изгледа како фудбалска топка“ вели Дали.

- Advertisement -

Промената на простор-време континуумот не е причина за грижа, но разјаснувањето на овој феномен би било од корист за астрономите, вели Дали.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -