Најзагрозени сиромашните земји: Илјадници милијарди долари загуби поради климатските промени

- Advertisement -

Климатските промени секоја година се одговорни за загуба на повеќе милијарди долари во светската економија, особено во најнеразвиените земји, се вели во студијаѕа објавена пред почетокот на конференцијата за климата COP28 во Дубаи.

Според студијата која ја спроведе Универзитетот Делавер, само во 2022 година на глобално ниво климатските промени предизвикаа загуба од 6,3% од БДП. Губењето пари значи директни последици на климатските промени врз земјоделството, енергетскиот сектор, продуктивноста на земјите, како и меѓународни послецици и загуби кои подразбираат потенцијални инвестиции.

- Advertisement -

Студијата беше објавена два дена пред конференцијата за климата која ќе биде одржата од 30 ноември до 12 декември. Меѓу главните теми ќе биде усвојувањето на рамката за новиот фонд на ОН кој треба да им помогне на најсиромашните земји да се соочат со последиците од климатските промени, како што беше одлучено на минатогодишната конференција COP27.

„Светот изгуби милијарди долари поради климатските промени, а најголем дел од товарот паѓа на сиромашните земји. Се надеваме дека реултатите од студијата ќе помогнат да се разјаснат предизвиците со кои уште еденес се соочуваат многу земји“ велат авторите на истражувањето.

- Advertisement -

ОН претходно проценија дека на земјите во развој до 2030 година ќе им бидат потребни над 300 милијарди долари годишно за борбата против ефектите на климатските промени.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -