Најголем дел од светот ќе се соочи со екстремни горештини до 2100 година

- Advertisement -

Најголем дел од светот до 2100 година ќе се соочи со екстремна горештина, се наведува во најновото научно истражување. Проценките покажуваат дека тропските и суптропските краеви, вклучувајќи го и индискиот потконтинент, големи делови од Арапскиот Полуостров и супсахарска Африка до крајот ан овој век ќе забележат опасно високи температури во текот на најголем дел од годината, се вели во студијата објавена во списанието Communications Earth and Environment.

„Тоа веројатно ќе се случи дури и ако некако успееме да го ограничиме глобалното затоплување на 2 степени Целзиусови повеќе од прединдустриската ера“ предупредуваат научниците.

- Advertisement -

Наведуваат дека регионите со средна географска ширина, во најмала рака, ќе се соочуваат со топлотни бранови секоја година. Во американскиот град Чикаго, на пример, истражувачите предупредуваат 16 пати поопасни топлотни бранови до крајот на овој век.

„Екстремните горештини придонесуваат за развој на хронични болести и се поврзуваат со редовно губење на работа на отворено. Исто така, имаат потенцијал да го загрозат постоењето на големи делови од земјината површина ако не се намали емисијата на гасови со ефект на стаклена градина“ се вели во студијата.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -