Во Бразил е усвоена регулатива која е целосно напишана со помош на чет-бот

- Advertisement -

Градскиот совет на Порто Алегре, главниот град на бразилската држава Рио Гранде до Сул, донесе закон чиј текст е целосно напишан со помош на вештачка интелигенција (AI) произведена од ChatGPT.

Документот е создаден од AI со помош на прашања што ги внесе членот на градскиот совет Рамиро Росарио, а предлогот на тој закон и овозможува на општината да не наплатува од даночните обврзници за замена на водомери доколку се украдени, пренесе ТАСС.

- Advertisement -

Градскиот совет веќе го одобри документот, а потпишан е од градоначалникот Себастиу Мелу, а членовите на советот, градоначалникот, но и граѓаните дури по донесувањето на законот дознале дека е целосно напишан од AI.

-Нашата стратегија беше да не кажеме никому дека вештачката интелигенција го направи тоа, сакавме само да спроведеме експеримент. Во наредните години општеството ќе се соочи со револуција на различни полиња благодарение на вештачката интелигенција, а политиката нема да биде изоставена од овие промени, рече Росарио.

- Advertisement -

Американската компанија OpenAI ја воведе услугата ChatGPT во 2022 година, која комуницира со корисниците во режим на дијалог.

Чет-ботот може да одговара на прашања, да признае грешки, да ги оспорува неточните претпоставки и да одбие несоодветни барања.

- Advertisement -

извор: denar.mk

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -