На повидок големо откритие – со базалтна прашина против загревање на планетата Земја

- Advertisement -


Американската компанија Frontir инвестираше околу 60 милиони долари во технологија која базалтната прашина ја претвора во оружје против загревање на планетата, пренесува ARS tehnika.

Булканскиот камен базалт содржи материи кои земјоделското земјиште може да го направат поплодно и помалку кисело, но експертите на Frontir велат дека базалтот станува се поинтересен и поради невообичаеното својство од атмосферата да го зема јаглерод диоксидот и се соединува со него.

- Advertisement -

Како што тврдат, компанијата планира базалтната прашина да ја распрска на површина од неколку илјади ари земјоделско земјиште и напоменуваат дека на тој начин сакаат до 2028 година само преку овој проект да исчистат околу 154.000 тони јаглерод диоксид од атмосферата. Тоа е загадување приближно како годишната емисија на 40.000 автомобили во САД.

Ситните честички на овој вид на камен мора да се распрскаат по земјиштето пред да се посади. Честичките се раствораат под влијание на атмосферските дождовии реагираат, односно се соединуваат со јаглерод диоксидот. Тоа е многу поефикасен и поевтин начин отколку изградба на скапи специјализирани фабрики, кои го филтрираат воздухот и го отстрануваатјаглерод диоксидот од атмосферата.

- Advertisement -

Така растворените честички со заловениот јаглерод диоксид со водените текови одат до реките и стигнуваат до океаните, каде што јаглеродот ќе остане заробен и во непроменета состојба без негативно да влијае на околината.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Geograph)

Сподели!
- Advertisement -