Калифорнија со закон забрани ставање лоши лозинки

- Advertisement -

Американската сојузна држава Калифорнија донесе интересен закон со кој се забрануваат лошите лозинки. Со овој потег државата сака да ги зголеми безбедносните стандарди за конектираните уреди кои се произведени или се продаваат во државата. Се рзбира, не станува збор за секојдневните лозинки кои ги „обичните“ корисници туку за default лозинки кои често производителите на гаџети и електроника ги ставаат на одредени уреди како што се admin или password.

Ваквите лозинки често се одредуваат во фабричките поставки на рутерите, веб камерите и другите уреди. По стартувањето на уредите корисниците би требало да ги променат, но во пракса тоа најчесто не е така. Поради неодговоснот, мрзеливост или некоја трета причина тие шифри остануваат непроменети, што претставува голема опасност за сопственикот на тие уреди затоа што постои голема веројатност некој да провали во рутерот или камерата.

- Advertisement -

Законот кој го донесе Калифорнија ќе забрани такви лозинки и компаниите за електронски уреди за секој уред ќе мора да имаат посебна сложена лозинка или еднократна лозинка која при првото логирање ќе мора да ја променат, пренесува Zimo.

Законот ќе стапи на сила во 2020 година, а ако технолошките компании не се придржуваат до него, корисниците во случај на хакерски напад во кој е истористена ранливоста на уредот поради лошата лозинка ќе можат да ја тужат компанијата-производител и да бараат отштета. Благодарение на лошите лозинки на конектираните уреди како веб камери и хардверот кој се користи во паметните домови пред неколку години беа срушени сервисите на Twitter, Spotify и Reddit.

Сподели!
- Advertisement -