Нови цени на горивата

- Advertisement -

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинството се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 отсто. 

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 73 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) – 72,5 денари за литар. Цената, пак, на моторните бензини не се менува така што ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за  76,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78,5 денари за литар.

- Advertisement -

Со одлуката на РКЕ за 0,348 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,92 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,573 отсто, кај дизелот за 2,404, и кај екстра лесното масло за 2,219 отсто, додека кај мазутот има зголемување во просек за околу 0,971отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,131 отсто.

Сподели!
- Advertisement -