Научници од МИТ создадоа вибрирачка таблета која може да спречи гојазност

- Advertisement -

Научници од Институтот за технологија на Масачусетс открија нов пристап во борбата против гојазност. Тие направија вибрирачка пилула, отприлика со големина на стандардна мултивитаминска таблета. Таблетата е опремена со вибрирачки мотор, кој е безбеден за голтање и работи на мала батерија со сребро оксид. Откако пилулата ќе стигне во стомакот, желудочната киселина го топи надворешниот слој, така затворајќи го електричното коло и активира вибрирање.

Во експериментот со свињи тие што добиле таква пилула 20 минути пред да јадат изеле 40% помалку храна од другите свињи. Понатаму, свињеите кои примиле таблета покажале покачени нивоа на хормоните кои сигнализираат ситост во крвта.

- Advertisement -

Научниците се оптимистични во однос на употребата на пилулата како лек за гојазност и ја принзваат итната потреба за иновативни решенија за широко распротранетиот здравствен проблем, кој го имаат речиси 40% од населението во САД. Истражувањето за пилулата е објавено во списанието Science.

Како функционира пилулата? Нејзината вибрација ги активира рецепторите одговорни за сигнализирање ситост слично како на чувството на ситост после јадење. Сегашниот прототип вибрира 30 минути пред да се излачи природно.

- Advertisement -

Водителот на ова истражување, Џовани Траверсо од МИТ, предвидува дека анредните верзии на пилулата ќе може да останат во желудникот полутрајно и безжично да се активираат или да се деактивираат. Се очекува и индивидуализација, односно програмирање за дневните потреби на корисникот преку мобилна апликација.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -