Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO) почна мисија за истражување на црните дупки со помош на нова вселенска опсерваторија. Чњлникот на ISRO, Сридхара Соманат, објави вчера дека лансирањето на ракетата носач од вселенкиот центар Срихарикота било успешно.
Индискиот телевизиски канал NDTV извести дека производството на сателити, за кои се очекува дека ќе имаат работен век подолг од 5 години, ќе чини околу 27 милиони евра. Тоа е многу помалку отколку што потроши НАСА на сателит за слична мисија.
Индија има се поамбициозни вселенски планови. Неодамна премиерот Нарендра Моди рече дека сака неговата земја прв пат да испрати астронаути на Месечината до 2040 година и дека до 2035 година ќе биде поставена индиската вселенска станица.
(Zimo)
(фото: Needpix)