Аутсорсинг гигантот „Емапта“ отвора деловен простор во ТИРЗ Скопје 1

- Advertisement -

Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отвори деловен простор од 6 000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 1 и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или преку 2500 за една деценија. Компанијата е основа во 2010 година во Австралија, а веќе една година е присутна и во земјава, со околу 30 вработени. Нуди услуги ширум светот од сметковдство до програмирање.

„Одлична прилика за младите, за амбициозните. Сите оние што сакаат да работат за странска инвестиција, но сепак од дома во домашни услови, а сепак за странски плати. ЕМАПТА постои на пазарот веќе 1 година,“ -изјави Сара Панова – вработена во компанијата ЕМАПТА.

- Advertisement -

„“Имаме план да го зголемиме нашиот тим во Македонија на 100, 200, 500 до 2 000 вработени во следните 10 до 12 години. Имаме канцеларија во Скопје, но исто така имаме колеги кој работат од дома, пример имаме одличен тим во Охрид, Гевелија, и многу други различни градови.“ -изјави Инге Цвик – извршен директор ЕМАПТА глобал за Европа.

Првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски кажа дека ЕМАПТА е во земјава благодарение на наш сограѓанин кој работел за нив во Австралија. Според неговите пресметки, до крајот на инвестицискиот период компанијата само за плати ќе вложи над 15 милиони евра годишно. Поддршка од државата ќе добиваат кога ќе намдинат 100 вработени со најмалку 1 000 евра месечна плата…

- Advertisement -

„Еден од мерките со кои што продолжуваме со растот на платите го креиравме токму со ЕМАПТА. Компанијата ќе добие поддршка од страна на Владата, преку гранд за креирање нови работни места во износ од 3 250 евра по работно место под услов платата која што ќе се исплаќа на овие млади луѓе да биде 50 % над државниот просек. “-изјави Јован Деспотовски – директор на ТИРЗ.

Зоните денес бројат околу 18 000 вработени. Освен целта за повисоки плати во однсо на просечната, за да привлечат компании и работници, ТИРЗ по спроведениот тендер и согласно годишниот план за работа – во зоните Скопје, Штип и Прилеп ќе градат паркиралишта, градинки, примарна здравствена заштита, простор за сместување и складишта.

Извор – Канал 5

Сподели!
- Advertisement -