- Advertisement -
Адам е робот шанкер и е единствениот вработен во едно кафуле на саемот за технологија и иновации кој се одржа во Лас Вегас.
Адам знае да направи многу различни пијалаци – од боба чај, кафе, ледено кафе до виски и коктели. Тој, исто така, може да го примени своето знаење и вештини на речиси секоја апликација за правење пијалаци. А од видеото можете да видите како тура лед, мие чаши, зема млеко, а потоа прави кафе и пенасто кафе од лешник.
- Advertisement -
Адам користи камери со вештачка интелигенција и за детекција на длабочина. Тој е дизајниран да биде производен робот кој може да прави пијалаци, храна, не само да помага во чистење или испорака.
Над 4.000 компании изложија свои производи на 2,5 милиони квадратни метри изложбен простор.
- Advertisement -
(N1)
- Advertisement -