Стопанската Комора отвори Центар за микро, мали и средни претпријатија

- Advertisement -

Стопанската комора на Северна Македонија го формираше Центарот за микро, мали и средни претпријатија, со цел поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите, чија улога ќе биде во интерес на оваа група правни субјекти да обезбеди сет на услуги и подршка за нивно непречено функционирање.

Денешната промоција ја организираме пред вас медиумите во присуство на дел од претставниците на микро, мали и средни компании, со цел да презентираме дека како Комора воведувајќи нови алатки за потребите на компаниите излагаме во пресрет на нивните потреби со цел поддршка на развојот, иновативноста и продуктивноста во целост, бидејќи без стопанство, државата не може да опстане, истакна извршниот директор на Стопанската комора м-р Антони Пешев.

Како што истакна, улогата на микро малите и средни претпријатија претставуваат значаен и витален дел на економијата во секоја земја, вклучително и нашата, каде последните официјални статистички податоци покажуваат дека оваа структура на компании имаат доминантно учество од 99,6% во вкупниот број на активни деловни субјекти во државата, и воедно се најголеми работодавачи, обезбедувајќи околу 70% од вкупниот број на вработени лица. Од друга страна учеството на ММСП во додадената вредност која се креира во земјата е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. Ние како Комора знаеме дека однадвор сме препознаени како претставници на големите компании, кои покрај ниското учество од 0,3% во вкупните деловни субјекти во државата креираат околу 40% од додадената вредност и можеби тоа досега сме го истакнувале за да се разбере нивното економско значење и тежината од продонесот во домашната економија. Во нашата Комора, структурата на членството кореспондира со структурата на деловните субјекти дефиирани според нивната големина. Па така 86% од вкупните активни членки во СКСМ, се во групата на микро, мали и средни претпријатија. Затоа за нас клучен предизвик во наредниот период ќе биде, како на овие компании да им се помогне да остварат поголем раст и да придонесат во креирање на  поголема додадена вредност.

- Advertisement -

Претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија при СКСМ, Габриела Кулебанова на денешната промоција истакна дека со оваа но и серијата нови алатки за успешни бизниси кои годинава се ставаат на услуга на компаниите, целтта е да се подржи економската активност. Во конкретниот случај преку Ценатрот на компаниите кои доминираат во структурата на нашата економија. Доколку ММСП сакаат да останат конкурентни и да играат позначајна улога како на внатрешниот така и на меѓународниот пазар, мора постојано да се надградуваат, растат, да го зголемуваат бројот на вработени, да го зголемуваат опсегот на производи и услуги, пазарите, а со тоа да остваруваат и поголем профит, за што е потребно континуирано следење и имплементирање и на стандардите, за што треба да имаат континуирано информирање со цел запознавање на важноста и потребата од следење на овој процес. Токму во тој дел Центарот при Комората ќе има значајна улога, посочи Кулебанова.

Новата услуга за микротот мали и средни претпријатија преку Центарот ќе игра значајна улога и во поддршката и поттикот на ММСП на патот кон ЕУ интегративните процеси, користењето на програмите кои ги нуди Европската унија за подигнување на капацитетите на овие копании на различни нивоа (иновативност, конкуретност, дигитализација, екологија, менаџмент).  

Сподели!
- Advertisement -