Основачот на компанијата Amazon, Џеф Беџос, за нецели 13 минути заработува повеќе отколку просечната личност за цел живот, покажуваат податоците кои ги објави глобалниот бизнис магазин Fortune.
Богатството на Беџос во 2023 година порасна од 107 на 177 милијарди долари, што е еднакво на раст од 191,78 милиони долари дневно или за околу 7,99 милиони долари на час, пренесува порталот Yahoo finance.
Просечниот Американец во текот на својот работен век, според податоците од 2023 година, заработува 1,7 милиони долари, а Безос оваа сума ја заработува за приближно 0,21 часа или 12,76 минути.
Amazon е глобален гигант за интернет трговија и спаѓа во групата Седум величествени американски технолошки компании, кои имаат најголем берзанска вредност. .
(Tanjug)