Италија со помош на ДНК од измет од кучиња ќе ги бара неодговорните сопственици

- Advertisement -

Италијанската покраина има проблем со несовесните сопственици на кучиња, кои не го собираат изметот од своите миленуци. Затоа, одлучија со помош на ДНК анализа на изметот од кучињата ќе ги наоѓаат нивните сопственици и ќе им даваат парични казни. На тој начин сакаат да ги исчистат улиците и парковите.

Откако ќе се создаде база на податоци за ДНК на кучињата, чистачите на улиците и здравствените работници во Болзана ќе собираат измет од кучиња и ќе прават генетски анализи за да ги најдат неодговорните сопственици. Паричните казни ќе се движат од 50 до 500 евра.

Сопствениците кои ќе одбијат профилирање на ДНК на своите миленици ќе бидат казнети со 292 до 1.048 евра.

- Advertisement -

Локалните власти кои го покриваат Волзано и околните градови одлучија да соберат ДНК база на податоци за околу 40.000 кучиња во тоа подрачје. Досега се регистрирани околу 10.000 кучиња.

Задолжителната ДНК регистрација се воведува на крајот на март. Сопствениците на кучиња ќе мора да ги доведат своите кучиња во ветеринарна поликлиника или го општинско засолниште за да се направи крвната анализа, која ќе ја платат од 60 до 100 евра.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -