ВИДЕО: НАСА развива роботи кои ќе градат објекти во вселената

- Advertisement -

За луѓето да се вратат на Месечината, односно да изградат постојана база некаде во вселената, потребно е многу повеќе од пуста желба и волја. Потребно е многу инвентивност и напредна технологија. Токму на тоа работат и инженерите на НАСА од Automated Reconfigurable Mission Adaptive Digital Assembly Systems (ARMADAS), кои развиваат хардверски и софтверски систем за изградба на инфраструктури во вселената.

Она што е посебно во тој систем се различни видови на роботи, кои личат на црви, а можат да составуваат, да поправаат и да реконфигурираат материјали за разни хардверски системи во вселената. Како што велат од НАСА, роботите можат да ја вршат својата работа во орбитата или на површината на планетите, дури и пред да стигнат таму луѓето.

- Advertisement -

Како изгледа тоа во пракса неодамна НАСА покажа во истражувачкиот центар Ејмс. Во текот ан тестирањето беа прикажани три роботи кои како тим соработуваат на изградба на структура на засолниште, користејќи стотина градежни блокови.

Системот ARMADAS користи мала група од 3Д градежни блокови, наречени воксели, односно кратенка за волуметриски пиксел, од кои се формираат какви било структури. Системот е програмабилен, што значи дека може самиот да се реконфигурира за да ги задоволи растечките потреби, со помошта на роботи.

- Advertisement -

Вокселите кои ги користеле на демонстрацијата, како што објаснуваат од НАСА, се изградени од цврсти и лесни композитни материјали, обликувани во форма наречена кубоктаедар. Вокселите личат на фудбалска топка со жичена конструкција со рамни страни и многу прецизна геометрија.

Тимот своите резултати ги објави во списанието Science Robotics.

- Advertisement -

(N1)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -