Започна гласањето за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година

- Advertisement -

Започна гласањето за изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, каде што ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија.

Процесот за наградување на најдобрите е-трговци започна со номинирање на е-трговците на официјалната веб страница на натпреварот, кој траеше до 10ти јануари 2024, на кој се пријавија 165 е-трговци. Најмногу од компаниите се пријавени за категориите „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Е-трговец на годината“, како и  „Најпопуларна е-продавница“. По проверка и валидација на сите номинирани согласно Правилникот  е-трговците кои ги исполниле условите на натпреварот беа објавени во листата на номинирани е-трговци во соодветните категории на официјалната веб страница на E-commerce Awards.

- Advertisement -

Гласањето е сега отворено за јавноста и сите кои сакаат да го дадат својот глас за нивните омилени е-продавници може да го сторат тоа и да изразат поддршка за нивната работа.

Едно лице може да гласа само еднаш и при тоа, гласа во категории по сопствен избор и може да даде еден глас во секоја категорија. Две категории се задолжителни за гласање: „Е-трговец на годината“ и „Најпопуларна е-продавница“, додека сите други категории се опционални. Гласањето од страна на публиката е бесплатно, едноставно и достапно до сабота, 10.02.2024, до крајот на денот. Гласањето може да се направи на следниот линк.

- Advertisement -

По завршување на гласањето од публиката ќе следува гласање од стручната жири комисија која се состои од експерти во повеќе области и е составена за да допринесе во изборот на најдобрите е-трговци во сите категории, освен за категоријата ‘Најпопуларна е-продавница’ во која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.

Одредувањето на победниците ќе се изврши врз основа на утврдена методологија за пресметка, која што е јавно објавена во рамки на Правилникот за наградите за е-трговија, земајќи ги превид гласовите од јавноста и жири комисијата, при што поените од публиката (јавноста) ќе се вреднуваат со 40%, додека поените од жири комисијата со 60%. Секој финалист ќе добие вкупен број на поени кои ќе го одредат неговото рангирање во соодветната категорија.

- Advertisement -

Свечениот настан за доделување на наградите на најдобрите македонски е-трговци за 2023 година ќе се одржи во март 2024 година. На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа собрани над  93.390 гласови од 6.584 гласачи од јавноста, а беа доделени вкупно 39 награди во 23 категории. 

Инаку, овогодинешниот избор за најдобрите е-трговци за 2023 година се реализира со поддршка на златните партнери – НЛБ Банка и Иуте.

Сподели!
- Advertisement -