После три дена, Маск повторно застана на тронот на светските милијардери

- Advertisement -

Икона Маск и повторно е официјално најбогат човек во светот, откако директорот на LVMH, Бернар Арно, три дена беше прв на листата на Forbes.

Forbes предупредува дека ова враќање на Маск на тронот се случило затоа што акциите на Tesla забележале сериозен раст, после големите падови минатата недела.
 
Богатството на јужноафриканско- американскиот бизнисмен порасна за 5,5 милијарди долари, со што неговото богатство се зголеми на 210 милијарди долари.

- Advertisement -

Францускиот милијадер Бернар Арно Ена второ место со 208,5 милијарди долари.
 
Големиот скок на богатството на Маск се должи на растот на цените на акциите на Teslа од речиси 4,2%, со што достигнаа износ од околу 176 долари, откако минатата недела паднаа поради лошите квартални резултати.

Арно го престигна Маск откако акциите на LVMH пораснаа за над 13% во петокот, после извештаите за големата продажба во 2023 година.
 
Основачот на Amazon, Џеф Безос, е далеку зад нив н трето место со богатство со 170 милијарди евра.

- Advertisement -

(021)

Сподели!
- Advertisement -