Макстил ја поддржува најмасовната национална еколошка акција

- Advertisement -

Со потпишувањето на договорот за соработка со невладината организација „Мен енд Маунтен“ Макстил се приклучува на најмасовната еко акција, „Генералка викенд“. Во акциите за чистење на отпадот од општините, регионалните и магистралните патишта низ државата, организирани и координирани од „МАМ“, Макстил ќе учествува финансиски и со волонтерско вклучување на своите вработени.

Поддршката и учеството на Макстил во најголемата еко акција е продолжување на компаниската заложба за подигнување на свеста за еколошките прашања и за поттикнување на помасовно вклучување во еколошките акции, а дел од примената на позитивните ESG – еколошки, социјални и управувачки практики. Во склоп на овие практики Макстил спроведува мерки за намалување на влијанието врз животната средина со инвестирање во енергетски ефикасни технологии, намалување на создавањето отпад, користење на рециклирани материјали и примена на концептот на циркуларна економија. Како дел од социјалните ESG практики, компанијата е посветена на поддршка на своите вработени преку различни програми и активности за поголемо вклучување во заедницата.

- Advertisement -

Акцијата чистење на животната средина ќе се одвива во текот на третиот викенд од месец мај и тоа на целата територија на Македонија, при што ќе бидат опфатени 81 општина. Локациите каде што ќе се спроведува акцијата за чистење ќе бидат избрани и координирани со секоја од општините. Собраниот отпад заедно со општините и јавните претпријатија за комунален отпад, ќе се мери и подоцна ќе се носи во капацитетите за рециклирање или депонирање од страна на локалните компании за комунален отпад.

Сподели!
- Advertisement -