ВИДЕО: Претставен уред за контрола на соништата

- Advertisement -

Стартапот Prophetic го претставни нивниот гаџет наречен Halo. Наменет е за предизвикување и стабилизација на луцидни соништа, односно соништата во текот на кои лицето е свесно дека сонува. Компанијата неодамна отвори листа за чекање за уредот, а досега се имаат пријавено околу 400 луѓе, кои се спремни и ќе плаќаат по 2.000 долари за него .

Halo е базиран на AI моделот наречен Мorpheus-1, кој е трениран на податоци за мозокот, а од компанијата пвелат дека користи ултразвучни холограми кои се наменети за замена на текстуалните упатства за стимулација на префронталниот кортекс. Кога корисмиците одат на спиење, треба да го постават Halo околу главата.

- Advertisement -

Резултатите од сето тоа треба да се луцидни соништа во кои единственото ограничување е фантазијата и корисниците со нивните уреди треба да ги контролираат соништата. Во нив можат да градат и да истражуваат неверојатни средини, да разговараат со луѓе, па дури и да летаат.

Од Prophetic го објаснија начинот на работа на нивниот уред, но и понатаму не е јасно дали веќе го тестирале на луѓе и какви се резултатите од тие тестирања.

- Advertisement -

Поттикнувањето на соништата и влијанието на тоа што сонуваме не е единствената мисија на оваа компанија, туку има многу поамбициозни планови. Од самиот почеток главната мисија на Prophetic е на човештвото да му дадат алатки за истражување и проширување на свеста. Велат дека со Morpheus-1 се чекор напред до индуцирање свесни искуства на барање, со што целосно ќе го сменат светот засекогаш.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Youtube)

Сподели!
- Advertisement -