Ново откритие: Екстракт од канабис ги убива клетките на ракот на кожа

- Advertisement -

Во револуционерно ново истражување екстракт од канабис, познат како PHEC-66, кој го направила компанијата MGC Pharmaceuticals во Австралија, покажал значителен потенцијал во борбата против меланомот, најсмртоносниот облик на ракот на кожа. Прелиминарните наоди од студијата, која ја финансирала истата компанија во октомври 2023 година, откриле дека PHEC-66 ја спречува пролиферацијата на изолираните клеточни лонии на меланомот во лабораториски услови.

Дополнителните истражувања, кои ги правеле истражувачи од австралиските универзитети RMIT и „Чарлс Дарвин“, ги потврдиле тие резултати. Изгледа дека екстрактот на канабис сатива го стопира размножувањето на на клетките на меланомот со предизвикање програмирање на клеточната смрт, процес познат како апоптоза.

- Advertisement -

Оштетувањето на клетките на меланомот ја спречува нивната поделба во нови клетки и наместо тоа, почнува програмирање на клеточната смрт, појаснува Назим Насар, биомедицински научник од CDU. Студијата која ги објаснува тие резултати е објавена во списанието Cells.

Иако станува збор за потенцијално големо откритие, клучно е да се напомене дека понатамошните истражувања на живи животински модели и подоцнежните испитувања на луѓе се императив за потврдување на тие резултати. Исттражувањата на канабисот во медицината наидуваа на пречки поради историската стигма, но неодамнешната легализација, како, на пример, во Австралија во 2016 година за медицинска употреба, овозможија научниците да го истражуваат терапевтскиот потенцијал на ова контроверзно растение.

- Advertisement -

Истражувањата во Австралија ги откриле антиканцерогените својства на канабисот во последните неколку години, со студии кои ја покажале неговата ефикасност против различни видови канцерогени клетки. Моменталната студија за PHEC-66 сугерира дека тој ја поттикнува програмираната клеточна смрт индуцирајќи фрагментација на ДНК, попречувајќи го растот на клетките и значително зголемувајќи го вантреклеточното ниво на реактивни кислородни видови.

ROS или високо реактивните молекули можат да оштетат различни делови од клетките, потенцијално доведувајќи до програмирана клеточна смрт. Во лабораториските експерименти PHEC-66 покажал зголемена веројатност за апоптоза во три клеточни линии на меланомот со таргетирање на канабионодините рецептори и поттикнување на акумулација на ROS.

- Advertisement -

Меѓутоа, преминот од лабораториски експерименти на примена во реалниот свет бара понатамошни студии на животни за да се утврди дозирањето и методите на примена пред да се прават клинички испитувања на луѓе.

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -