Илон Маск заработува 114 долари во секунда – и тоа само од Tesla

- Advertisement -

Илон Мас, еден од сопствениците на Teslа, е вториот најбогат човек во светот. Неговата позиција се должи на неговото учество во технолошки, иновативни и претприемнички проекти.

Податоците кои ги собра Finbold покажуваат дека од средината на овој месец нето-вредноста на Маск е пријавена на 198,9 милијарди долари. Неговата нето-вредност е одредена со неговиот сопственички удел во различни компании: 20,5% во Teslа, 54% во Starlink, 42% во SpaceX, 74% во социјалната мрежа X (поранешен Twitter), над 90% во The Boring Company, 25% во xAI и над 50% во Neuralink.

- Advertisement -

Од сите наведени компании, јавно е достапен само профитот во Teslа за 2023 година, во износ од 17,66 милијарди долари. Врз основа од неговите 20,5% удел во Teslа, Маск заработил 3,62 милијарди долари.

Колку би изнесувало тоа по час, по минута, по секунда? Значи, тоа е отприлика 114,80 долари во секунда, 6.887 долари во минута, 413.220 долари по час, 9.917.280 долари дневно и 69.420.960 долари неделно. Запомнете, ова е само заработката од Tesla…

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -