Откриен нов тип на магнетизам

- Advertisement -

Благодарение на експерименти напрвени на швајцарскиот институт „Пол Шерер“ истражувачи го докажаа постоењето на т.н. алтермагнетизам. Експериментите откриле но вид на магнетизам, а студијата е објавена во списанието Nature.

Ова откритие значува нова основа во физиката, со големи импликации за спинтрониката. Новиот вд на магнетизам не покажува нето макроскопска магнетизација, туку микроскопски својства блиски до феромагнетите.

- Advertisement -

Со откритието на антиферомагнетот пред стотина години семејството на магнетни материјали се подели во две темелни фази: феромагнетна гранка позната кеолку илјади години и антоферомагнетна гранка. Експерименталните докази за трета гранка на магнетизмот, односно алтермагнетизам, се добиени во швајцарски Light Source SLS со меѓународна соработка предводена од Чешката академија на науки заедно со институтот „Пол Шерер“.

Алтермагнетите имаат посебна комбинација на распоред на спинови и кристална симетрија. Спиновите се менуваат, како и антиферомагнетите, што резултира со изостанување на нето магнетизација. Сепак, наместо едноставно да се поништат, симетријата дава електронска вретенеста структура со јака спинска поларизација, која се врти во правец на движењето низ енергетските полиња на материјалите, па затоа и името алтермагнет.

- Advertisement -

Тоа резултира со многу корисни својства кои повеќе наликуваат на феромагнетите, како и некои целосно нови својства корисни за развој на технологијата за магнетна меморија од нова генерација. Додека електрониката користи само набој на електрони, спинтрониката исто така ја искористува спинската состојба на електроните за пренос на информации.

Во 2022 година некои теоретски физичари објавија свои предвидувања за постоењето на алтермагнетизмот. Открија нешто повеќе од 200 амтермагнетни кандидати во материјалите – од изолатори и полупроводници до метали и суперпроводници. Многу од тие материјали беа добро познати и опсежно истражени во минатото без да се забележи нивната алтермагнетна природа. Поради големите можности за истражување и примена на алтермагнетизмот, овие предвидувања предизвикаа голема возбуда во заедницата.

- Advertisement -

Истражувачите веруваат дека ова ново темелно откритие на магнетизам ќе го збогати нашето разбирање на физиката на кондензираните материи, со влијание врз различни подрачја за истражување и технологија. Како и неговите предности за полето на спинтрониката во развој, исто така нуди платформа која ветува за истражување на неконвенционалната суперпроводливост преку нови увиди во суперпроводливата состојба која може да се појави во различни магнетни материјали.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -