Apple паметен прстен наскоро стигнува на пазарот

- Advertisement -

Изгледа дека долго очекуваниот влез на Apple во технологијата за паметни прстени ќе се случи наскоро судејќи според извештаите кои сугерираат дека овој технолошки гигант посготвуваима производ готов производ, спремен за пласирање на пазар, пишува Electronic Times.

Иако остануваат непознати деталите за датумот на претставува на Apple Ring, моменталните услови на пазарот сугерираат на брзо пласирање. Интересот на Apple за технологијата за паметни прстени датира од 2015 година, кога Bloomberg го откри патентот кој Apple го опиша како прстен опремен со екран на допир. Во текот на наредните години се појавија дополнителни патенти, кои открија прстен со кој може да се контролриаат низа уреди, меѓу кои Mac компјутери, Apple TV, iPad и VR опрема.

- Advertisement -

Неодамна Apple за Patently откри уште еден патент, овој пат во САД. Тој патент се однеусва на прстен со NFC опции. Битно е да се напомене дека овој прстен потенцијално би можел да се користи како контролер за слушалките за мешана реалност Apple Vision Pro, за кои Apple уште нема посебен физички контролер.

Apple вообичаено чека подолго време пред да се впушти во нови видови производи. Компанијата сака да почека додека некоја нова технологија не стане квалитетна и да се заинтересираат повеќе луѓе. Добар пример за тоа е Apple Watch. Овој паметен часовник стана популарен затоа што Apple го дочека вистинскиот момент за да го лансира.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -