Научници од МИТ направија автономен автомобил кој може да вози по патишта кои не му се познати

- Advertisement -

Тешко е за автономните автомобили да возат по патишта кои не се користат толку затоа што тие се потпираат на видливо обележани патишта, како и на детални 3Д мапи за безбедно да навигираат. Токму затоа најголем дел од гигантите избегнуваат да тестираат возила на немапирани рурални патишта.

Сепак, истражувачи од Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на Технолошкиот универзитет на Масачусетс развија нов систем кој им овозможува на автономните автомобили да возат по патишта на кои никогаш претходно не биле без да користат 3Д мапи. Системот се вика MapLite и е комбинација до податоци на GPS кои може да се најдат на Google Maps и низа сензори кои ги следат условите на патот пишува The Verge.

- Advertisement -

Системот им овозможи на научниците автономно да возат по повеќе неасфлатирани патишта во Девенс, Масачусетс и да ги детектираат условите на патот повеќе од 30 метри однапред.

„Автомобилите ги користат 3Д мапите за да знаат каде се и што да направат ако наиде некоја пречка како пешак или друг автомобил. Потребата за густи 3Д мапи ги ограничува местата каде што можат да возат беспилотните автомобили“ велат од лабораторијата.

- Advertisement -

Нивниот систем, пак, користи сензори за сите аспекти од навигацијата, а се потпира на GPS податоци само за да направи груба проценка на локацијата. Системот најпрвин ги внесува крајната дестинација и она што се нарекува локална навигациска точка, односно точка во рамките на видикот на автомобилот. Потоа сензорите генерираат една патека до крајната точка и со LIDAR ја проценуваат локацијата на рабовите на патот. MapLite може да го направи тоа без физички обележани патишта.

Сподели!
- Advertisement -