Производителот на чипови Nvidia достигна вредност од 2 трилиони долари

- Advertisement -

Американската компанија Nvidia достигна вредност од 2 трилиони долари на Њујоршката берза. Со ова производителот на чипови од Калифорнија ја капитализираше огромната побарувачка за технологија за вештачка интелигенција.

После несекојдневниот пораст на акциите, оваа компанија ги надмина предвидувањата на Волстрит за скок на продажбата од 265%, што предизвика нов раст оваа недела, пренесува The Guardian.

- Advertisement -

Акциите на оваа групација на Њујоршката берза застанаа на проценета вредност на компанијата од околу 1,95 трилиони долари. Биле потребни повеќе од две децении за компанијата со седиште во Санта Клара во Калифорнија да достигне вредност од 1 трилион долари, а помалку од девет месеци подоцна Nvidia вреди 2 трилиони долари.

Овој производител на напредни чипови објави дека приходите за целата фискална година, од февруари 2023 до крајот на јануари годинава пораснале за 126% на 60,9 милијарди долари.

- Advertisement -

Nvidia во четвртиот фискален квартал, кој заврши на 28 јануари, имала приходи од 22,1 милијарди долари, што е за 22% повеќе во однос на претходниот квартал и за 265% повеќе во однос на претходната година, објавија на страницата на компанијата.

(Capital)

- Advertisement -

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -