Disney и најбогатиот човек во Азија ќе создаваат нов медиум

- Advertisement -

Disney ги здружува силите со најбогатиот човек во Азија, Мукеш Амбани, за да создаде нов медиски гигант во Индија, кој треба да има 750 милиони гледачи. Reliance Industries, компанијата на Амбани, и Disney ги комбинираат своите дигитални стриминг платформи и 100 ТВ канали во земјата во рамките на заеднички потфат вреден околу 8,5 милијарди долари.

Разговорите за потенцијалниот договор се одвиваат веќе некое време, додека Disney се трудеше да ја искористи приликата која ја претставува нацијата од над милијарда луѓе, Индија, во која втор јазик е англискиот. Компанијата, исто така, се соочува со многу проблеми дома.

- Advertisement -

Овој гигант направи голем пробив во Индија во 2019 година, кога купи мнозински удел во компанијата 21st Century Fox, вклучувајќи ја и неговата огромна мрежа Star India.

Во новиот медиски гигант Reliance ќе поседува нешто повеќе од 63%, главно преку својата подружница Viacom18, додека Disney ќе го има остатокот.

- Advertisement -

„Ова е итен договор кој најавува нова ера во индиската индустрија за забава“ изјави Амбани, чија бизнис империја вреди над 236 милијарди долари и опфаќа малопродажба, технологија и обновлива енергија.

„Индија е најнаселен пазар во светот и ние сме возбудени поради можноста која ќе ја отвори оваа заедничка компанија за создавање долгорочни вредности за компанијата“ велат од Disney.

- Advertisement -

Disney се соочува со повеќе предизвици во Индија. Компанијата особено беше тешко погодена во 2022 година, откако ги изгуби дигиталните права за емитување на исклучително популарните мечеви на индиската Премиер лига во крикет. Апликацијата Hotstar, за стриминг во Индија, оттогаш изгуби милиони претплатници и претрпе уште еден удар минатиот март кога престана да ги емитува содржините на HBO.

(Bizlife)

(фото: Snappy goat)

Сподели!
- Advertisement -