Најскапата топка сладолед во Versace чинија чини 800 долари

- Advertisement -

Кафулето Skupi во Дубаи служи сладолед наречен Black Diamond, кој се смета за за најскап затоа што топката сладолед е поскапа од злато и чини околу 800 долари. Камо и сите видови сладолед кои се служат во Skupi, Black Diamond сладоледот се прави токму таму од нула.

На сопственикот на локалот Зубини Доши му биле потребни пет недели за да ги избере егзотичните состојки. Меѓу состојките на сладоледот има и италијански тартуфи, свежи зрна ванила од Мадагаскар, ирански шафран и лушпи злато кое се јаде. Сладоледот го сервираат во чинии на Versaсe, кои купувачите можат да ги понесат дома откако ќе го изедат сладоледот.

- Advertisement -

Покрај скапоцениот сладолед, кој чини околу 800 долари, ова кафуле во Дубаи нуди и лате со злато. Еден филџан лате кафе е прекриен со подебел слој од 23-каратно злато.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -