Макарска прогласена за безбедно место за жени

- Advertisement -

Градското собрание на Макарска донесе донесе резолуција со кој Макарска е прогласена за безбедно место за жени, а утврдени се и конкретни мерки за да се заштитат жените кои се жртви на насилство.

Со тоа се става акцент на посветеноста на нулта толеранција кон насилството над жените и е битен чекор напред кон осигурување безбедност и заштита за жените. Жените кои бараат засолниште ќе добијат финансиска помош со цел оснажнување на жртвите и обезбедување ресурси потребни во текот на нивното закрепнување.

- Advertisement -

Воедно, градот ќе го покрие трошокот до 600 евра месечно за изнајмување стан, за жртвите да имаат безбедно место за престој, далеку од опасноста, за да се олесни нивното осамостојување и враќање на жртвите во општеството, а предвидено е трошоците за нужно сместување градот да го кофинансира во траење до шест месеци.

Утврдени се и насоки за превенција на насилството над жените во Макарска, а вклучува информирање и едукација, превентивни мерки, психосоцијални третмани, како и привлекување на нвиманието на јавноста.

- Advertisement -

ГРадоначалникот на Макарска, Зоран Пауновиќ, ја нагласи потребата за соработка меѓу локалните власти, невладините организации и членовите на заедницата со цел создавање средина во која жените се чувствуваат заштитено, поддржано и безбедно.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -