ЕУ ќе ги забрани сите производи добиени со принудна работа

- Advertisement -

Пратениците во Европскиот парламент и во Европскиот совет денес постигнаа привремен договор за новите правила за забрана на производите направени со принудна работа на пазарот во ЕУ.

Според договорот, националните власти или Комисијата на ЕУ, во случај да е вмешана трета земја, ќе ја истражува сомнителната употреба на принудна работа во синџиритте за снабдување на компаниите.

- Advertisement -

Ско истрагата заклучи дека била користена принудна работа, властите можат да бараат повлекување на производите од пазарот на ЕУ и од онлајн продажбата, како и нивно запленување на граница. Тие производи потоа ќе бидат донирани, рециклирани или уништени.

Производите кои се од стратешко или клучно значење за ЕУ може да бидат задржани додека компаниите не ја елиминираат принудната работа од своите синџири на снабдување, се вели во соопштението од Европскиот парламент.

- Advertisement -

Понатаму, им се укажува на компаниите кои не ги почитуваат правилата дека може да бидат казнети. Меѓутоа, ако ја елиминираат принудната работа од своите синџири на снабдувањем забранетите производи би можеле да добијат дозвола да се вратат на пазарот.

На инсистирање на Парламентот, Комисијата ќе созстави листа со специфични економски сектори во специфични географски области во кои постои од страна на државите наметната принудна работа и тоа ќе биде критериум за проценка на потребата за отворање истрага.

- Advertisement -

Комисијата исто така може да идентификува производи или групи производи за кои увозниците и извозниците ќе мора да достават дополнителни детали за царината на ЕУ,а како што се информации за производителите и испорачателите.

Во примената на правилата ќе помогне и новиот единствен портал за принудна работа со насоки, информации и забрани, база на податоци за различни сектори. Новите правила подразбираат и соработка со трети земји.

(021)

(фото: Ardea International)

Сподели!
- Advertisement -