Стигна и првата казна за автономен автомобил за непропуштање пешак на пешачки премин

- Advertisement -

Откако долго време читаме само позитивни вести за автономните автомобили и напредокот на пазарот за беспилотни возила, во последно време се заредија големи проблеми за некои од водечките компании на тоа поле. Автомобил на Uber удри пешак, кој почина во болница, а автомобил на Teslа, Model X, во Калифорнија удри во ѕид и го уби возачот. Сега стигнува уште една вест за автономните автомобили.

Имено, сообраќаец во Сан Франциско неодамна сопре автомобил Chevy Bolt EV, со кој во тој момент управувал компјутер, поради непропуштање пешак на пешачки премин. Според сообраќаецот, автомобилот не застанал на пешачкиот премин за да помине пешакот, туку дошол премногу блиску до пешакот. Иако автомобилот бил во автономен начин на работа, медиумите пишуваат дека полицаецот казната ја напишал за возачот кој седел зад воланот, пренесува Zimo наводи од сајтот Electrek. 

- Advertisement -

На ова реагираа од General Motors и објавија податоци од возилото за инцидентот. Според тие податоци, автомобилот застанал на повеќе од 3 метри оддалеченост од пешакот, што се смета за безбедно растојание за поминување на пешачки премин и е во согласност со законите на Калифорнија. Поради тоа медиумите претпоставуваат дека полицаецот се уште бил под влијание на впечатоците за несреќата на автомобилот на Uber еден ден претходно.

Во објавата од General Motors потсетија дека на прво место при тестирањето на ваквите возила се става безбедноста и дека според податоците кои ги забележал компјутерот на автомобилот, нивниот автомобил во оваа систуација постапил токму така како што требало и немало никаква опасност за пешаците.

Сподели!
- Advertisement -