Amazon вработува 100.000 работници за да се справи со поголемата побарувачка поради корона вирусот

- Advertisement -

Amazon објави дека ќе вработи дополнителни 100.000 работници во складиштата и за достава во САД поради напливот на онлајн нарачки, бидејќи многу корисници се префрлаат онлајн за сите нивни потреби во овој период на пандемија со корона вирусот.

Поради стрaв од карантин или празнење на продавниците, купувачите купуваат огромни залихи, па трговците не можат да ги задовoлат потребите за средства за хигиена и храна. Освен Amazon, американските синџири супермаркети Albertsons, Kroger (KR.N) и Raley’s исто така бараат дополнителен персонал. Нивната мета се луѓето од туризмот, угостителскиот и забавниот сектор, кои сега се без работа поради корона вирусот.

- Advertisement -

Amazon има различен број вработени во зависност од сезоната, а најмногу има околу божиќните празници – максимум досега имал 798.000 работници со полно и скратено работно време. За да привлече нови вработени Amazon ја зголемува минималната надница за час од 15 на 17 долари до крајот на април. Според проценките, тоа ќе ја чини компанијата дополнителни 350 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -