ВИДЕО: Ова е најпродаваниот летачки автомобил во историјата

- Advertisement -

Електричниот летачки автомобил со две седишта Alef Model A, кој го развива компанијата Alef Aeronautics достигна 2.850 преднарачки. Развојната компанија со седиште во Сан Матео во Калифорнија, која ја поддржува Илон Маск, планира на купувачите да им наплати по 300.000 долари за моделот A, па од сите 2.850 преднарачки би можеле да заработат над 850 милиони долари.

Купувачите можат да го нарачаат летачкиот Model A преку интернет со депозит од само 150 долари, кој може да го повлечат во кој било момент, пренесува CBNC.

- Advertisement -

„Имаме нешто повеќе од 2.850 преднарачки, што го прави моделот Model A најпродаваниот летачки автомобил во историјата. Тој ја надминува вкупната продажба на Boing, Airbas, Jobi Aviation и повеќето eVTOL“ велат од Alef.

Alef Aeronautics е една од неколкуте развојни компании кои прават летачки автомобили со цел да го претворат нивното секојдневно користење во реалност. На тоа работи и Lilium, германскиот стартап кој развива летачки такси возила, како и кинески Jobi Aviation. Минатата година јужнокорејската телекомуникациска компанија SKTelecom објави дека планира да стартува услуга со летачки такси во партнерство со Јobi Aviation во 2025 година.

- Advertisement -

Alef Model A, кој беше претставен на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, личи на вистински автомобил со мрежаста школка која ги штити внатрешните ротори, кои овозможуваат струење на воздухот низ возилото. Главно е рпедвиден за возење по пат, а во воздух може да постигне брзина од над 160 км/ч. За возење по пат користи четири мали ротори во секое од тркалата, а се вози слично на електричен автомобил. Осумте пропелери, пак, поставени во предниот и задниот дел од автомобилот, кои се движат независно еден од друг со различни брзини, овозможуваат летање во кој било правец.

Тежи над 385 кг и се смета за ултралесно возило. Ќе има досег на возење од 320 км по пат и околу 180 км во воздх.

- Advertisement -

Alef допрва треба да добие дополнително одобрение за употреба во сообраќајот. Ако се биде како што треба, до крајот на 2025 година планирано е да биде готов првиот модел.

(Bizlife)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -