Кои најсреќни земји во светот се најдобри за жените?

- Advertisement -

Некои од најсреќните земји во светот се и родово најрамноправни. Ирска, Финска, Шведска, Норвешка и Нов Зеланд се наоѓаат во првите 10 на две клучни листи: годишната листа со најсреќни земји во светот во рамките на Светскиот извештај за среќата и Глобалниот извештај за родовата рамноправност на Светскиот економски форум, кој ги рангира земјите по таа основа.

Иако ниеден извештај не е ажуриран од 2023 година, овие земји веќе со години го водат светот кон постигнување родова рамноправност и зголемување на среќата на жителите, рангирајќи се високо на двете листи од 2018 година наваму.

- Advertisement -

Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој, организацијата која стои зад извештајот за среќата во светот, користи шест фактори за оценување на среќата во земјите: социјална поддршка, приходи, здравје, слобода, великодушност и отсуство на корупција.

Светскиот економски форум ги споредува родовите разлики меѓу земјите земјаќи предвид четири критериуми: економски можности, ниво на образование, здравје и опстанок и политичко зајакнување. Не е случајно што најсреќните земји во светот исто така се залагаат за родова рамноправност во општествена и економска смисла. Жителите и експертите за работни места во овие земји велат дека позитивните ставови кон родовата рамноправност придонесуваат за општата благосостојба на жителите.

- Advertisement -

Во своето истражување Светскиот економски форум поставва јасна корелација меѓу социјалната политика, семејната среќа и напредувањето на жените во кариерата. Нордиските земји како Исланд, Шведска, Финска и Норвешка имаат некои од најиздашните политики за платено отсуство за родителите.

Пристапот до грижата за деца во овие земји е уште еден ресурс кој жителите на нордиските земји го припишуваат на подобрувањето на благосостојбата на жените и на семјествата.

- Advertisement -

Позитивното влијание на таквите политики на жените и на семејството не може да се потценува. Во Норвешка зголеменото федералнот финансирање на дневниот престој поттикнал се повеќе мајки да се вратат на работа, додека Шведска има еден од најголемите проценти на вработени мајки од 39 земји кои ги анализира ОЕЦД.

Некои од најсреќните земји во светот воведоа мерки за намалување на родовиот јаз во платите. Експертите за работни места велат дека таквите напори може да им помгонат на работниците таму да се чувствуваат посигурни и позадоволни во однос на кариерата.

Владата на Нов Зеланд во август минатата година воведе закон со кој од големите компании се бара да ги пријават родовите разлики во платите со цел да се направи што поправедна работна средина. Иако не е јасно кога ќе биде усвоен таквиот закон, Нов Зеланд веќе е една од земјите кои имаат најмала разлика во платите врс основа на полот во светот, која изнесува околу 14%.

Пред шест години Исланд воведе политика која бара од организациите со над 25 вработени да докажат едка исто ги плаќаат и мажите и жените на исти позиции.

Додека Светскиот економски форум наведува дека јазот во платите меѓу мажите и жените на Исланд е 21%, додека други извори, вклучувајќи ја и ОЕЦД, велат дека разкиката е околу 10%.

Ако компаниите покажат дека ги плаќаат еднакво своите вработени без разлика на полот, добиваат сертификати.Почнувајќи од 2020 година сертфикацијата стана услов за работодавците со 25 или повеќе вработени, а компаниите без сертификат добиваат секојдневна казна.

Земјите кои се високо рангирани и по прашањето на среќата и родовата рамноправност успеаја да изградат држава во која луѓето чувствуваат дека можат да успеат и да имаат поддршка во своите образовни или професионални активности. Најсреќните земји, дури и најдобрите земји за жените, се далеку од совршени. На Исланд, на пример, десетици илјади жени учестуваа во еднодневен штрајк во октомври минатата година во знак на протест поради постоечкиот родов јаз во платите и родово заснованото насилство со кое се соочуваат жените на Исланд.

(Bizlfe)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -